"Next Time - Nesto ke te pitam babo" - Views: 19 · Hits: 19 - Type: Public

Нешто ќе те питам, бабо,
право да ми кажеш, 2x
право да ми кажеш, бабо,
без да ме излажеш. 2x
 
Кои војводи беа, бабо,
у вас на вечера? 2x
Дали Гоце Делчев, бабо,
или Даме Груев? 2x
 
Кад ме питаш а бре Аго,
право ќе ти кажам, 2x
право ќе ти кажам, аго,
без да те излажам 2x
 
Ниту Гоце Делчев, аго,
ниту Даме Груев, 2x
Најси беше, а бре аго,
Тодор Александров,
Тодор Александров, аго,
с' неговата чета. 2x
 
Тука вечераа, аго,
и си заминаа, 2x
и си заминаа, аго,
за Пирин планина. 2x
 
Знамето им беше, аго,
црно и црвено,
и на знаме пише, аго, 2x
„Смрт или слобода“,
"Смрт или слобода, аго,
за Македонија." 2x